Туск: Ќе бараме мобилизација на Западот за да му помогне на Киев

од Stefanija Kuzmanovska

Полска ќе бара целосна „мобилизација“ на Западот за да ѝ пружи помош на Украина, изјави новоименуваниот полски премиер Доналд Туск.

Тој рече дека Полска ќе преземе водечка улога во Европа и ќе биде силен дел од НАТО.

„Гласно и решително ќе бараме целосна мобилизација на слободниот западен свет за да ѝ помогнеме на Украина во оваа војна“, рече Туск при претставувањето на плановите на Владата во полскиот парламент.

Туск изјави дека Полска ќе биде лојален сојузник на САД и ќе ја преземе улогата на лидер во ЕУ, но нагласи дека нема да се согласи на какви било промени на договорите со ЕУ кои би биле штетни за Варшава.

„Секој обид за промена на договори спротивни на нашите интереси не доаѓа предвид. Никој нема да ме надигрува во ЕУ“, додаде Туск, кој е и поранешен претседател на Европскиот совет.

Тој вчера беше именуван за премиер на Полска, а подоцна денеска Парламентот ќе гласа за доверба на новиот премиер.

Слични содржини