Туск: Мировниот план за Украина не смее да ја поткопа безбедноста на Европа

Разговорите меѓу САД и Украина продолжуваат втор ден во Женева

од Vladimir Zorba
5 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Доналд Туск

Полскиот премиер Доналд Туск издаде соопштение во кое се вели дека никаков договор во врска со Украина не треба да ја поткопа безбедноста на Полска и Европа.

„Напротив, треба да ја зајакне“, рече Туск, цитиран од Ројтерс.

Соединетите Американски Држави и Украина ги продолжуваат разговорите во Женева за да најдат заемно прифатлив мировен план откако Вашингтон и Киев се согласија да го изменат американскиот предлог.

Украина и нејзините европски сојузници го сметаа тоа за исполнување на сите желби на Кремљ.