Туск: Полска го поддржува предлогот за одржување самит помеѓу САД и европските земји

од Даниел Ѓорѓиевски
75 прегледи

Полска го поддржува предлогот на италијанскта премиерка  Џорџa Мелони да се организира американско-европски самит на кој, меѓу другото, ќе се разговара и за Украина, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск.

Пред самитот на европските лидери на кој ќе се разговара за мировниот план за Украина, Туск рече дека го поддржува одржувањето на таков нов самит, на кој би биле вклучени и Соединетите држави, објави Ројтерс.

Мелони во петокот рече дека Италија ќе им предложи на своите партнери да се одржи самит на кој ќе бидат вклучени Соединетите Американски Држави и европските нации и сојузниците, на кој ќе се разговара како да се „решат големите предизвици на денешницата, почнувајќи од Украина“.

Слични содржини