Туск: Полска и Украина се поблиску до заедничко производство на оружје

од Vladimir Zorba

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека Полска и Украина се приближуваат до договор за заедничко финансирање на производството на муниција и оружје.

„Како што веќе нагласи претседателот Зеленски, разговаравме и брзо ќе ги завршиме овие дискусии за заеднички инвестиции во производството на оружје и муниција“, рече Туск на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев, пренесе ТАСС.

Тој додаде дека ја поздравува идејата на Зеленски за „заеднички претпријатија“ за производство на оружје.

Слични содржини