Туск за Гренланд: Ако се појават конфликти во рамките на Алијансата, НАТО ќе ја изгуби својата релевантност

„Ниту една членка на НАТО не треба да напаѓа или да се заканува на друга членка на Северноатлантскиот договор“

од Vladimir Zorba
18 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Данска може да смета на солидарност од цела Европа по прашањето за Гренланд, кој е данска територија, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск, објави Ројтерс.

Неговата изјава доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно оваа недела ја повтори својата желба САД да ја преземат контролата врз арктичкиот остров.

„Ниту една членка на НАТО не треба да напаѓа или да се заканува на друга членка на Северноатлантскиот договор. Во спротивно, ако се појави конфликт или се појават конфликти во рамките на Алијансата, НАТО ќе ја изгуби својата релевантност“, предупреди Туск.