По повеќе од два месеца, кафулињата и останатите угостителски објекти од денеска повторно служат гости.
Па така новите правила кои треба да се применуваат во кафулињата станаа главна тема на социјалните мрежи, а еве дел од твитовите:
Брат четворица сме за кафана, ама шо имат врска дојди и ти ќе се ротираме.
— Бажо (@zstaka) May 27, 2020
Од утре пијте од шише… Ќе стават чипови у чашите со пијачки… Ама тука да остане
— i999y (@i999y) May 27, 2020
Ако треба на маса во кафана да седат само семејство кафаната да обезбеди и полицаец, нотар и адвокат за секоја маса.
— Мр Моџо Килингтон (@mojokilington) May 27, 2020
Овие со по три деца за во кафана сега ждрепка ќе влечат кој да остане дома или како?
— СуПеРмЕнКа 😷 (@Supermenkata) May 28, 2020
https://twitter.com/Broj181/status/1265978464189976578
По ново, со швалер може у кафана, и со деца може, а со маж и деца не, пошто маж не е рода, така рекоа сведоците у матично
— Kali (@KaliGoddess0707) May 28, 2020
Само мене ми е шубе да седнам в кафана после сево ова или има и други?
— Таинственото Дете (@tainstvenodete) May 28, 2020
Очекувам од понеделник да уведат "Мој термин" за у кафана.
— Миле Паника (@Mile_Panika) May 27, 2020
Дај 4 пици за нас и една за малиот сам на маса што е. Ако нарача газирано кажи му дека нема.
— Букет (@Bouqet100) May 27, 2020
еден келнер седи пред вц да види дали миеме раце, друг ваѓа метрото да измери дали сме седнати на метар ипол еден од друг… кул
— Poison Ivy 🔱 (@Hedera_Genus) May 27, 2020