ТВОЈА партија поднесе пријава до ДИК за непочитување и прекршување на роковникот

од Nikola Popovski

На 27-ми Септември на првиот ден на кампањата за локалните избори 2021, ТВОЈА партија како борец против криминал и корупција поднесе пријава до ДИК за непочитување и прекршување на роковникот на ДИК според кој кампањата започнува 21 ден пред денот на изборите, соопштија од Твоја партија.

Според нив, за жал, на најголемите партии кои од буџетот си доделуваат највеќе средства и со кој буџет можат сериозно да влијаат на граѓаните на изборите, оние кои трошат по 4.5 милиони евра за сопствени потреби, кои оваа година ќе потрошат 3.5 милиони евра за финансирање на нивните кампањи, кои трошат по 270 илјади евра за аналитички центри, сето тоа не им билодоволно па мораа кампањата да ја водат пред време и со прекршување на изборниот закон.

-За време на предизборниот период во активна кампања беа владини министри, вршители ја јавни функции, опозициони кандидати, независни кандидати, организирајќи средби со граѓани и вршејќи промоција на кандидати, што е спротивно на Изборниот закон и Роковникот на ДИК, за што впрочем законски следуваат и казни, стои во партиското соопштение.

Слични содржини