Австралискиот инженер Питер Мекмехон, кој има искуство во истраги на несреќи, неодамна изнел тврдење дека со помош на “Google Earth” апликацијата ги пронашол остатоците од малезискиот авион “MH370”, што исчезна за време на летот во 2014 година.

Како што тврди Мекмехон, остатоците на авионот се наоѓаат на 16 км јужно од островот Раунд, кој се наоѓа 22,5 километри северно до Маурициус, во делот од океанот кој претходно не бил пребаруван.
https://twitter.com/AirCrashMayday/status/975088661246201856
Во своите тврдења оди и чекор понапред, кога вели дека верува дека американските научници одбиле да го пребараат тоа подрачје, но и дека на остатоците се полни со дупки од куршуми.
Четири американски инспектори се пратени во Австралија за да работат на случајот “MH370”, но Мекмехон смета дека ги сокриле клучните информации
“Се погрижиле сите добиени информации да останат сокриени од јавноста, дури и нашата влада, но зошто? Тие не сакаат да го пронајдат авионот, бидејќи е полн со дупки од куршуми. Неговото пронаоѓање само би отворило дополнителни прашања”, рекол Мекмехон.
https://twitter.com/AirCrashMayday/status/975090493083324416
Како што вели, информациите ги пратил во Австралискиот завод за транспорт и безбедност, а таму не можеле во целост да ја исклучат можноста дека навистина станува збор за исчезнатиот малезиски авион.
Според првобитните податоци, малезискиот авион “MH370” паднал во Индискиот океан шест часа по полетувањето. Исчезнаа сите 239 патници заедно со членовите на екипажот.