“Тврдоглавите” њујорчани се здружија против нацистичките симболи

од Vladimir Zorba
70 прегледи
Њујорчанецот Џорџ Лок минатата сабота се качил на возот број 1, во метрото на Менхетен и кога влегол во вагонот се шокирал од она што го видел: „Свастика на секоја реклама и секој прозорец“, со трајно мастило биле нацртани на секоја реклама и на сите прозорци. Овие графити на омраза ги вознемириле патниците, кои тивко седеле и не биле сосема сигурни што да прават, сè додека еден човек не ја кажал на глас својата идеја: „Со дезинфикатор за раце може да се избрише маркерот“, им се обратил на патниците: „Ни треба алкохол“.

ny-3_0-preview

„Откако човекот повика на борба, неколкуте патници почнаа да превртуваат по џебовите и чантите, во потрага по шамивчиња, дезинфикатор за раце и други импровизирани алатки што можaт да се искористат за бришење на страшниот вандализам. Тотални странци се здружија за да ги избришат чкртаницте од маркерот и само по 2 минути, секоја трага на омраза беше избришана од вагонот на метрото.“

Иако во целата клима што владее деновиве, некои луѓе ги прифатиле како нормални предрасудите и спротивставените ставови и однесувања, Лок, кој што го раскажа настанот на својот Фејсбук профил, брзо ги потсети луѓето околу себе, дека омразата никогаш не треба да се прифаќа, ниту да се смета за нешто што е нормално.

Овој негов статус на Фејсбук кој има околу 800.000 „лајкови“ и околу половина милион споделувања, триумфално ја предизвика идејата дека, во 2017 година, нацистичката симболика, во преполниот воз во Њујорк треба веднаш да се отфрли.

Како одговор на резигнираноста на еден патник кој рекол: „е па ова е Америка на Трамп“, Лок страсно изјавува: „Не, господине, не е“. Ниту вечерва, ниту кога и да е. Не, сè додека тврдоглавите њујорчани имаат што да кажат за тоа“, напишал Лок.

Ете што може да се направи со љубов, тимска работа и малку дезинфикатор за раце.

Извор: Окно