Twitter ќе овозможи поинакво споделување твитови

од Vladimir Zorba

Се чини дека Twitter работи на нова функција, која ќе ви овозможи да споделувате твитови само со одредена група луѓе.

Споменатата функција првпат се појави во јули минатата година, а беше наречена „Trusted Friends“. Оттогаш, девелоперот Алесандро Палуци го следи развојот на функцијата, која полека почнува да се обликува.

Најновото откритие на Палуци ни дава подобар увид во тоа како би можела да функционира функцијата. Изгледа дека Twitter работи на страница која прикажува повеќе информации за делот „Flock“, кој објаснува дека ќе може да се додадат до 150 членови.

Само овие корисници ќе можат да гледаат или да одговорат на твитови испратени во „стадото“ на корисникот.

Ако одлучите дека не сакате некој во вашето „стадо“, Twitter посочува дека тоа лице може да биде отстрането од списокот во секое време (и лицето нема да добие известување за отстранување).

Засега не е познато кога функцијата на Twitter во стилот на блиски пријатели ќе стане достапна за сите корисници, а моментално е во фаза на тестирање.

Слични содржини