У19: Македонија ремизираше со Финска

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19 години попладнево во Скопје одигра нерешено 0:0 на вториот пријателски натпревар против своите врсници од Финска.

Пред два дена нашите млади фудбалери славеа со 5:0, но денеска „црвено-жолтите“ така и не успеаја да ја покажат истата ефикасна игра во нападот.

Оба беше последниот тест пред стартот на Елитната фаза квалификации за пласман на ЕП. Македонија ќе биде домаќин на турнирот, а ќе играме со Летонија, Унгарија и Англија од 21-ви до 27-ми март.

Слични содржини