Уапсен скопјанец кој запалил сува трева во Ѓорче Петров

од Nikola Popovski
19 прегледи

Синоќа полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода Д. Н. (57) од Скопје поради основи на сомнение дека околу 21.40 часот подметнал пожар односно запалил сува трева во тревникот на ул. “Стево Црвенковски” во Ѓорче Петров.

Д.Н. бил забележан од граѓанин, кој пријави во СВР Скопје, а полициски службеници веднаш преземаа мерки и активности и сторителот е лишен од слобода.

По документирање на случајот, против Д.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини