Уапсен возачот кој вчера со возило во Чаир удри во дете и избега

65-годишен возач удри во дете пешак и избега, полицијата го пронајде

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: Фејсбук/МВР

Вчера (29.12.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(65) поради сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. Имено, вчера во 14:50 часот во СВР Скопје беше пријавено дека на крстосница на ул.”Џон Кенеди”, ул.”Максут Садик” и ул.”Македонска бригада” патничко возило “голф” со скопски регистарски таблички удрило во дете пешак.

Веднаш по пријавата полициски службеници пристигнаа на местото на настанот при што е констатирано дека лицето кое управувало со возилото го оставило возилото и се оддалечило од местото на настанот. Според полицијата, по преземени оперативно тактички мерки лицето е пронајдено во непосредна близина и истото лишено од слобода.

-Повреденото дете поради сериозноста на повредите со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Клинички центар “Мајка Тереза” за укажување на помош каде му се констатирани тешки телесни повреди и истото е задржано на интензивна нега. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.