Уапсена млада професорка поради принуда на ученик на орален секс

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Млада професорка завела ученик од училиштето во американскиот град Сан Хозе, Калифорнија. Запалената учителка го нападнала момчето со свои интимни слики и го принудила да имаат орален секс, соопшти mercurynews.com.
32-годишната професорка по англиски Труди Хил работела во Santa Teresa High School  речиси три години. Поради своите постапки спрема 17-годишното момче таа е обвинета за непрофесионално однесување и принудување на дејствија од сексуален карактер. Инспекторите сметаат дека Хил имала корист од својата позиција, за да го принуди тинејџерот на сексуален контакт.

Од полицијата не ја исклучуваат можноста да има повеќе жртви од  Професорката. Хил е отстранета од позицијата. Во моментот се наоѓа на слобода со кауција.

“Шокирани сме од обвинувањата на адреса на Труди Хил, но сакаме родителите да не се срамат и да знаат дека безбедноста на учениците е наш врвен приоритет. Во иднина ќе спроведуваме проверки на вработените, за да не дозволиме да има злосторства од сексуален карактер “, велат од училишната администрација.

Слични содржини