Уапсена Северина

од Nikola Popovski

Загребската полиција во вторникот околу пладне во Загреб ја уапси пејачката Северина Вучковиќ. Апсењето следело, како што дознава „Јутарњи лист“, откако добиле барање од колегите од Сплит да ја приведат заради кривична истрага.

Според „Јутарњи“, причината е непримерна расправија што се случила во вторникот во сплитскиот дом на мајката на познатата пејачка. Според пријавата на сестрата Маријана, пејачката наводно ја нападнала пред очите на нивната мајка.

Според сестрата на Северина, инцидентот се случил во текот на ноќта, еден час по полноќ, кога се слушнала врева од станот.

Двете наводно почнале да се тепаат и си удирале шлаканици, буквално по целиот стан.

Слични содржини