Украинската пратеничка Наѓа Савченко е уапсена денеска во Киев откако Парламентот и го одзеде имунитетот, поради истрага во која е осомничена дека планирала државен удар.

Савченко поранешен воен пилот, се стекна сос татус „национален херој“ во Украина откако некое време помина во затвор во русија.
Обвинителството тврди дека Савченко по пвраќањето од Русија стана пратеничка, планирала со бомби и автоматско оружје да ја нападне зградата на Парламентот, а во „интерес на непријатели на Украина“.
Објавена е снимка на која се слуша како таа зборува за криумчарење оружје со прорускиот исток на зенмјата.
Савченко им рече на пратениците дека знаела дека ја снимаат, и дека зборувала за нападите како „надреална политичка провокација“ за да ја исмее владата.
Претходно Савченко го обвини државниот обвинител Јуриј Луценко дека прикрива убиства на демонстранти во текот на украинскиот бунт во 2014 година, а тој и возрати дека таа планирала оружен напад на парламентот.
Украинските медиуми јавија дека Савченко минатата недела за време на седница на Парламентот имала пиштол и три рачни бомби, а таа рече дека е офицер и има право да носи оружје.
Украинскиот парламент во средата им забрани на пратениците да носат оружје во собраниските сали.