Уапсени петмина кои нападнале гледачи на фудбалски натпревар во Аеродром

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска (06.12.2022) ги лишија од слобода И.М., Д.М., Б.М., Ѓ.Н. и Н.М. по претходна пријава од Е.С. од с. Коњари дека петмината насилници на 04.12.2022 околу 15 часот за време на фудбалски натпревар на фудбалски терен на подрачјето на општина Аеродром ги нападнале него и други гледачи, фрлајќи со тврди предмети кон нив.

Со приведените е извршен службен разговор во полициска станица и известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение за извршено кривично дело насилство.

Слични содржини