Убави вести од Скандинавија: Данска ги отвора училиштата и градинките, Норвешка соопшти дека ја ставила епидемијата под контрола

од Nikola Popovski

Данска од 15-ти април ќе ги отвори градинките и училиштата за децата од 1-5 одделение доколку бројот на починати и заразени од новиот коронавирус остане стабилен, додека норвешката влада објави дека го ставила под контрола ширењето на КОВИД-19, велат агенциите.

„Веројатно ќе биде нешто како да шетаме по жица. Ако застанеме на патот, би можеле да паднеме, но може да тргне се наопаку, дури и ако тргнеме премногу брзо. Затоа, мора да направиме еден внимателен чекор по друг”, изјави данската премиерка Мете Фредериксен на денешната прес-конференција.

Но, сооптши и дека забраната за големи собири ќе остане во сила до август, објави „Ројтерс“.

Во Данска, има вкупно 4,681 инфицирана од коронавирусот и 187 смртни случаи.

Во Норвешка, ширењето е под контрола

Епидемијата на коронавирусот во Норвешка засега е под контрола, објави министерката за здравство. Норвежаните успеаа да ја намалат стапката на трансмисија на вирусот од 2,5 на 0,7 што значи дека лице заразено со коронавирус сега во просек заразува 0,7 други лица.

Целта на владата е да го намали тој број на максимално еден човек. Норвешката влада во среда ќе донесе одлука за тоа дали ќе ги продолжи рестрикциите, вклучително и за затворените училишта.

Досега Норвешка регистрираше 5755 случаи на КОВИД-19, а 59 луѓе починале.

Земјата воведе строги мерки кон средината на март, ги затвори своите граници за странците, а Норвежаните кои се враќаа од странство мораа да одат во 14-карантин.

Слични содржини