Четири лица денеска биле убиени, меѓу кои две деца, во напад со нож во Квинс во Њујорк.
Убиени се 11-годишно девојче, 12-годишно момче, 44-годишна жена и 30-годишен маж, а се претпоставува дека сите се членови на исто семејство, соопшти полицијата, пренесоа медиумите.
Во нападот се повредени и три лица, од кои едно потешко. Меѓу повредените има и двајца полицајци кои пристигнале на местото на настанот.
Според Си-Ен-Ен, полицијата добила повик непосредно по 5 часот наутро од млада жена која рекла дека нејзиниот братучед ги убил членовите на нејзиното семејство, објави на прес-конференција началникот на њујоршката полиција Џефри Мадри.
По пристигнувањето, полициските службеници виделе како излегува маж кој на полицајците им извадил кујнски нож, едниот го прободел во вратот и градите, а другиот го удрил во главата, додаде началникот.
Еден од полицајците извадил оружје и пукал, убивајќи го осомничениот, истакнал Мадри.