Убиецот од синагогата пред нападот напишал морничав манифест

од desk2

Германецот кој уби две лица и рани уште две во близина на синагога во градот Хале, планирал да изврши масакр и сакал да ги поттикне и другите да го следат неговиот пример.

„Тоа што го доживеавме вчера беше тероризам. Според нашите сознанија, осомничениот Штефан Б. имал намера да изврши масакр“, стои во соопштенито на германскиот обвинител Петер Франк кој откри дека во колата на напаѓачот бил пронајден експлозив.

После вчерашниот напад на синагогата во источниот германски град Хале, на интернет се појави и документ, за кого Рита Кац од американската компанија за контрола на екстремистичките сајтови “SITE Intelligence Group” тврди дека е манифестот на напаѓачот.

Покрај текстот во .pdf формат, имало и фотогафии и најава за пренос на нападот на синагогата во живо.

Екстремистот во текстот открива дека има намера да убие што е можно повеќе „анти-белци, посебно Евреи“. Документот бил направен на 1-ви октомври што покажува колку долго сторителот го планирал нападот.

Напаѓачот Штефан Б. поставил камера на шлемот и вршел пренос во живо на нападот на платформата за стриминг на видео игри Twitch. Преносот во живо го следеле пет лица, а автоматски генерираната снимка за 35 минути ја виделе 2,200 лица пред платформата да го избрише видеото и профилот на екстремистот.

На видеото Штефан зборувал дека холокаустот никогаш не се случил и дека феминизмот е виновен за пропаста на западната цивилизација. Според него, Евреите биле виновни за се, а на гледачите им се претставил како „Анон“ (анонимен).

27-годишнипот Штефан Б. инаку е од покраината Саксонија-Анхалт и наводно од порано бил познат како екстремен десничар. Неговиот татко за „Билд“ открил дека секогаш на Штефан му биле виновни другите.

„Тој не беше на чисто ниту со себе, ниту со светот. Секогаш другите му беа виновни. Секогаш избиваа кавги, а моето мислење не му беше важно. Повеќе не можам да допрам до него“.

Слични содржини