Убиство и самоубиство во Демир Капија

од Nikola Popovski

Убиство и самоубиство се случило утринава во Демир Капија, како што информира тамошнaта локална власт.

Градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров во изјава за МИА го потврдил трагичниот настан, но не кажал детали за случајот. Изразил жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.

Неофицијално, повозрасен човек над 64 години, пукал во соседот што живеел над него во зграда, на возраст од околу 34 години. Наводно, причината била претходна расправија.

Слични содржини