Убиство сред бел ден: Бездомничка побарала пари од минувач, тој ладнокрвно ја застрела! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Бездомничката Зилда Енрике дос Сантос Леандро (31) од Рио де Жанеиро брутално е убиена неколку секунди откако на улица запрела маж и од него барала пари за да купи леб.

Убиството се случило сред бел ден, а го регистрирале безбедносните камери.

Како што се гледа Зилда одела на сред улица и се обидела да му привлече внимание на Адербала Рамос де Кастро. Тој прво ја игнорирал, додека девојката не му се приближила, по што Кастро извадил пиштол и ладнокрвно ја убил.

Убиецот побегнал, а Зилда е одведена во болница каде е прогласена за мртва.

Кастро е уапсен и се наоѓа во притвор.

Неговиот адвокат рекол дека неговиот клиент мислел дека девојката сака да го ограби.

Слични содржини