Наставничка по англиски јазик во Кина е мета на критики откако се дозна дека на своите ученици им ги наплаќала погрешните одговори на тестот.

Имено, една наставничка од Кунаминг парично ги казнувала своите ученици за грешките на тестот од англиски јазик и им наплаќала 50 јуани (околу 7,5 долари) за секој погрешен одговор. Од друга страна, ги наградувала со 100 јуани сите кои ги имале сите точни одговори.
Кога полицијата ја открила, таа морала да им ги врати на учениците парите што им ги зела вкупно 3.950 јуани, а подоцна признала дека оваа пракса била непримерна.
Интересно е дека не сите родители ја осудиле оваа постапка, па имало и такви кои сметале дека парите се добра мотивација, и ја одобриле незјината работа.