Досегашното пребројување на гласовите на локалните избори во Турција покажа дека опозицијата во Истанбул и Анкара имаат поволни изгледи за победа, објавија тамошните медиуми, и покрај зголемениот ангажман на претседателот Реџеп Таип Ердоган во кампањата за неговата партија АКП.
Од 33 отсто преброени гласови, актуелниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу засега 49,7 отсто од гласовите, додека неговиот главен противкандидат од владејачката партија АКП има 41,5 отсто.
Во Анкара, градоначалникот од редовите на опозицијата, Мансур Јавас има 56,3 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат 36,3 отсто, откако биле преброени 12,4 отсто од гласовите.
Ердоган, кој е на власт повеќе од две децении, беше ангажиран во кампањата, особено во Истанбул, економскиот и културниот центар на земјата, чиј градоначалник беше во 90-тите години од минатиот век.
Реизборот на Имамоглу за лидер на најголемиот град во земјата ќе го вклучи во трката за претседателските избори во 2028 година.
Во останатиот дел од земјата, како што се очекуваше, кандидатите на АКП водат во трката во неколку големи градови во Анадолија и на Црното Море, кои се упоришта на претседателот Ердоган.
Прокурдската партија ДЕМ најверојатно ќе победи во големите градови со мнозинско курдско население на југоистокот, вклучувајќи го и Дијарбакир.