
На булевар „Александар Македонски” во Скопје се случила сообраќајна незгода во која непознато лице управувајќи патничко моторно возило „Опел” со скопски регистарски ознаки удрило во пешакот С.Р.(21) од Скопје, по што го напуштило местото на настанот. Со возило на Итна медицинска помош, С.Р. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.
Од другите настани ов МВР Билетен издвојуваме:
На локалниот пат во село Курија, неготинско, вчера во 13:50 часот Р.Т.(31) од село Тимјаник, неготинско управувајќи патничко моторно возило „Опел фронтера“ со неготински регистарски ознаки излетал од патот. Во незгодата Р.Т. се здобил со тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.
На улица „Расоица Новачки“ во Охрид вчера во 19:10 часот К.П.(30)од село Горно Лакочереј, охридско управувајќи патничко моторно возило „Ланчиа“, со охридски регистарски ознаки, удрил во пешак Б.Н.(55) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.Н. кој по укажана лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“ е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.
На крстосницата на булевар „1-ви Мај“ и улица „Македонски гемиџии“ во Битола ноќеска во 00:05 часот С.У.(21) управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки удрил во пешакот С.К.(58). На С.К. му била укажана лекраска помош во Општа болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.
Во село Горно Нерези, скопско, ноќеска во два часот избувнал пожар во викенд куќата на Д.И.(69). Повредени лица нема. Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарна екипа. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.
Во село Добриште, тетовско, изутрината во четири часот избувнал пожар во куќа сопственост на И.Т.(59), при што опожарено е приземјето од куќата, една гаража и патничко моторно возило „Форд Фокус“, кое било паркирано во гаражата, повредени лица нема. Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарна екипа. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.