Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе предлог за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Двајца од обвинетите биле предупредени од полициски службеници кај викенд-населба на планината Плачковица за забраната на движење, но се упатиле по регионалниот пат кон Радовиш. На даден знак не застанале на полициска контрола кај селото Шипковица, ниту, пак, застанале на полициска контрола кај с.Раклиш. Потоа со возилото удриле во бетонски ѕид кај ГП Техника и без да застанат продолжиле да се движат по регионалниот пат кон с.Ораовица, каде во 00:30 часот од страна на полициски службеници биле пронајдени во нивниот дом. За стореното кривично дело, обвинителството предложи на судот на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби, секоја во висина од по 10 евра во денарска противвредност.
Третиот обвинет на 25.03.2020 година, во 00:50 часот во Радовиш, не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на коронавирусот, бидејќи во време на забрана на движење на населението од 21 до 5 часот, со восило се движел по градот. Основното јавно обвинителство Радовиш предложило на судот на обвинетиот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од по 5 евра во денарска противвредност.
Четвртиот обвинет го сторил делото на 24.03.2020 година, во 22:45 часот во с. Раклиш, општина Радовиш, кога за време на полицискиот час со возило се движел по регионалниот пат Радовиш – с.Раклиш. Паричната казна која е предложена до судот за овој обвинет е во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од по 5 евра во денарска противвредност.