УЈП го продолжи рокот за поднесување на даночните биланси до 25. март

До 25 март е продолжен рокот за поднесување на даночните билански за одданочување на добивка, вкупен приход, за приходи и расходи, за непрофитни организации, како и Годишниот даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност, информираше денес Управата за јавни приходи.

„Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на COVID-19 (корона вирус), како и барањата на сметководителите за пролонгирање на рокот за поднесување на пријавите и одлуката на Централниот регистар за продолжување на рокот за поднесување годишна сметка, Управата за јавни приходи информира дека рокот за поднесување на обрасците “ДБ”, “ДБ-ВП”, “ДБ-НП/ВП”, “ДЛД-ДБ” и “Б, се продолжува заклучно со 25 март 2021 година (четврток).  Овој рок се однесува и на другите обрасци за кои што рокот за поднесување е заклучно со рокот за поднесување на годишна сметка односно даночниот биланс“, посочија од УЈП.

До 25 март се продолжува и рокот за поднесување на исправки на образецот ДДВ-04 за даночните периоди од 2020. 

Слични содржини