УЈП ја објави најновата листа на должници

од Vladimir Zorba

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.02/2022 за долгови доспеани до 31.10.2021 и неплатени до 31.01.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

*повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
*повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.02/2022 објавени се 1.744 должници – правни лица (помалку за 18 од претходната листа) и 3.080 физички лица (повеќе за 44 од претходната листа)
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.02/2022 изнесува 8.624.318.607 денари, помалку за 49.792.162 денари од претходната листа.

Слични содржини