УЈП од Вторник ќе почне со присилна наплата на радиодифузна такса

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Истекува рокот во кој граѓаните треба да ги подигнат решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса. Веќе од 13-ти септември оние што нема да го сторат тоа, ќе се смета дека уредно го направиле, по што УЈП ќе ја започне операцијата за присилна наплата на долговите.

20130701 Monday 1313 ujp

Во просториите на даночната управа,  граѓаните бараат одговори околу најавените блокади, но дел од нив се пожалија дека неоправдано се под закана за присилна наплата.

Граѓаните велат дека обидот да докажат дека не се должници им е дополнително отежнат, бидејќи се приморани и по неколку пати да ги посетат шалтерите на УЈП, МРТ и банките. 85.790 граѓани се најдоа на должничката листа на Управата за јавни приходи, што значи дека секој шести во земјава е должник. Од УЈП ги повикуваат обврзниците наведени на листата, до 13-ти септември да ги подигнат решенијата за присилна наплата.

„По објавата во „Службен весник на РМ“ ќе се смета дека е извршена уредна достава на Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса од Листата објавена на веб страницата на УЈП, а сите евентуално негативни последици кои би можеле да настанат од неподигањето на решението и спроведување на постапката за присилна наплата ќе ги сноси обврзникот за радиодифузна такса“ – велат од Управата за јавни приходи

По повикот на народниот правобранител за приочистување на регистарот, од МРТ велат дека тој редовно се прочистува и дека се бришат лицата онаму каде се исполнети условите. Наспроти обврзниците за радиодифузна такса, МРТ и понатаму се јавува на листата на должници на УЈП за доспеани и неплатени обврски. Според последната листа МРТ должи над еден милион евра за данок.