Украина ја презеде одговорноста за нападот на мостот меѓу Крим и Херсон

од Nikola Popovski

Вооружените сили на Украина денеска ја презедоа одговорноста за ракетните напади врз мостовите меѓу Крим и регионот Херсон.

Москва синоќа ја обвини Украина дека извршила ракетни напади на Чонгарскиот мост што го поврзува Крим со регионот Керсон и на мостот преку Геничевскиот теснец.

Лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов, кој беше назначен од Москва, на Телеграм изјави дека во нападот нема жртви и дека се работи на поправка на мостот.

„Околу 15 часот, украинските одбранбени сили погодија две клучни линии на комуникација – мостовите Чонгарски и Гениски“, се вели во соопштението на Одделот за стратешки комуникации на украинските вооружени сили на Телеграм, пренесува британската телевизиска мрежа Би-Би-Си.

Слични содржини