Украина погоди руска воена единица при нападот на Крим

од Vladimir Zorba

Украина изврши напад врз руска воена единица во близина на Евпаторија на Крим, соопшти денеска командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешчук.

„Благодарам на пилотите на воздухопловните сили и на сите што ја планираа операцијата за совршена борбена изведба“, напиша Олешчук на својот канал Телеграм, повикувајќи се на скриншот од локалните медиуми, пренесува Ројтерс.

Руското Министерство за одбрана претходно објави дека руските сили собориле 10 украински ракети над Крим, како и дека спречиле напад на украинските војници врз руски воени објекти на тој полуостров.

Слични содржини