Украина затвори дел од клучен гасовод за Европа: Русија веднаш реагира

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот систем за пренос на гас GTSOU денеска објави дека ќе го прекине преносот на руски гас преку влезната точка Сохранивка, една од двете клучни точки за снабдување со руски гас во Европа.

И покрај руската инвазија која започна на 24 февруари, Украина останува важна транзитна рута за пренос на руски гас во Европа.

GTSOU објави дека не може да продолжи со работа на компресорската станица Новопсков поради „мешање на окупаторските сили во техничките процеси“. Според податоците на украинската компанија, протокот низ тој гасовод паднал на нула, а оваа информација ја потврди и „Блумберг“.

Компресорската станица Новопсков во областа Луганск во источна Украина падна во рацете на Русија веднаш по почетокот на инвазијата. Тоа е првата компресорска станица во Луганск, транзитна рута за околу 32,6 милиони кубни метри гас дневно, што е една третина од рускиот гас што се транспортира во Европа преку Украина.

– За целосно исполнување на транзитните обврски кон европските партнери и во согласност со договорот, можно е привремено да се префрли недостапниот капацитет од физичката интерконективна точка Сохранивке до физичката интерконективна точка Судџу која се наоѓа на територијата контролирана од Украина – соопшти GTSOU.

Руски Гаспром реагираше веднаш, велејќи дека Украинците ги информирале за прекинот, велејќи дека е „технички невозможно“ да се префрлат сите текови на гас на друга транзитна точка.

Слични содржини