Украинка отиде кај својот љубовник и ги остави децата да умрат од глад

од desk3
65 прегледи

20-годишната Владислава Подчапко ги оставила децата сами и заминала кај нејзиниот љубовник, пишува Дејли мејл. По шест дена 23-месечниот син умрел од глад. Пред полицијата мајката чудовиште рекла дека не знаела дека децата можат да умрат и не се сомневала дека ќе се случи таква трагедија.


Мајката ги оставила децата сами во станот во Киев и поминала девет дена со својот љубовник. Во станот биле соатвени бебето и неговата 2-годишна сестра.

23-месечниот Данил по шест дена умрел од глад, а сестра му поминала три дена сама до мртвото тело на својот брат.

Кога ја откриле таа била во многу лоша состојба од неухранетост и била примена во болница. За среќа лекарите успеале да го спасат нејзиниот живот.


Подчапко, која била бремена по трет пат, рекла на полицајците дека не знаела дека децата можат да умрат.

Во моментов таа е во притвор, и се заканува затвор до 8 години. Цело време соседите слушале децата како плачат и па дури ја алармирале полицијата, но таа не сакала да се интервенира.

Слични содржини