Украинската армија: Знаеме зошто Русите ја разнесоа браната, тоа е хистерична реакција

од Stefanija Kuzmanovska

Руските сили ја разнесоа браната Нова Каховка во окупираниот дел на Херсонската област за да ја спречат украинската војска да ја премине реката Дњепар, изјави денеска портпаролката на Јужната команда на вооружените сили на Украина на онлајн брифинг со новинарите.

„Тоа е хистерична реакција“, рече Наталија Кумениук, а пренесе „Ројтерс“.

„Тие беа свесни дека се подготвува воен маневар на одбранбените сили и на тој начин се обидоа да влијаат на нашите сили за да не се случи преминувањето на реката Дњепар, од што стравуваат“, додаде таа.

Украина, да потсетиме, го контролира десниот брег на реката Дњепар, кон север. Руските сили, од друга страна, го окупираат левиот брег и јужниот дел на регионот Херсон.

Слични содржини