Украински функционер негира дека Зеленски одбил да го прими германскиот претседател Штајнмаер

од Nikola Popovski

Советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Серхи Лешченко во средата во интервју за Си-Ен-Ен негираше дека Зеленски ја одбил понудата на германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер да го посети Киев, како што претходно објави Билд.

Штајнмаер во вторникот рече дека има намера да го посети Киев заедно со претседателите на Полска, Естонија, Литванија и Летонија за да „испрати силен сигнал за европска солидарност до Украина, но дека Киев не го сака тоа“.

Билд објави дека Зеленски ја отфрлил намерата на Штајнмаер поради неговите блиски односи со Русија во последните години и неговата долгогодишна поддршка за гасоводот Северен тек.

Проектот, кој требаше да ја удвои количината на гас испорачана директно во Германија, оттогаш е одложен.

Слични содржини