Украински генерал откри дека се наближува контраофанзивата: „Време е да го вратиме она што е наше“

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот врховен воен командант Валериј Залужни во саботата сигнализираше дека се наближува долгоочекуваната украинска контраофанзива.

„Време е да го вратиме она што е наше“, накратко изјави на Телеграм Залужни, чиј прекар е железниот генерал.

Пораката била придружена со едноминутно видео на кое се гледа како украинските војници пеат и мавтаат со различни оружја, пренесува Insider.

Во април, украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников навести можен неизбежен почеток на контраофанзивата.

„Штом има Божја волја, добро време и наредби од врвот, ќе почнеме“, рече тој.

Олексиј Данилов, висок функционер на Украинскиот совет за национална безбедност и одбрана, исто така во големото интервју за Би-Би-Си во саботата рече дека украинските трупи се подготвени за акција.

Данилов рече и дека нападот може да започне „утре, задутре или за една недела“ и дека нема простор за грешка.

Слични содржини