Ројтерс Претседателот на Украина Петро Порошенко е жртва на телефонска измама, пренесува Фанс прес. Порошенко мислел дека води телефонски разговор со претседателот на Киргистан Алмазбек Атамбаев, но всушност разговарал со измамник, признаа властите во Киев и го нарекоа случајот “провокација”.

По овој разговор украинското претседателство објави дури изјава за дискутираните теми. Според изјавата што брзо беше симната од сајтот на претседателството, разговорите се фокусирале главно за соработката меѓу Украина и Киргистан во рамките на меѓународните организации, главно ОН. Малку потоа сепак Киргистан негираше дека имало таков разговор. Портпаролката на украинското МНР Мариана Беца изјави дека инцидентот е поврзан со напорите на Порошенко да издејствува резолуција на ОН за кршењето на човековите права на полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија во март 2014 година “. Јасно е дека, сепак, слични активности имаат за цел да ја спречат иницијативата на Украина за Крим “, рече таа.