Украинскиот шеф на дипломатија: Русија води енергетска војна против Европа

од Stefanija Kuzmanovska

Русија води енергетска војна против Европа, тврди министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

„Русија со децении ги користи гасот и нафтата како оружје. Затоа, не треба да чуди што повторно го прави тоа, под сегашните околности. Русија гасот и нафтата ги направи оружје и води енергетска војна против Европа“, рече Кулеба за австриската телевизија Пулс24.

Само транзицијата кон обновлива енергија може да ја ослободи Европа од зависноста од рускиот гас.

Слични содржини