Украинското обвинителство: Во руските напади загинаа најмалку 461 дете

од Stefanija Kuzmanovska
110 прегледи

Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина денеска соопшти дека за време на руските напади врз таа земја загинале најмалку 461 дете, а 927 биле ранети.

Исто така, исчезнати се 349 деца, додаваат од канцеларијата, повикувајќи се на државната полиција, пренесе „Киев Индипендент“.

Се додава дека бројот на загинати деца не е зголемен од 19 февруари, но дека е зголемен бројот на ранети деца поради руските напади.

Слични содржини