Умерено облачно со појава на магла по котлините

од desk4
79 прегледи

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно со појава на магла по котлините.

Утринската температура ќе се движи од минус два до минус осум степени, а дневната од два до седум степени.

Во Скопје ќе биде облачно. Утринската температура ќе достигне до минус шест степени, а дневната температура до три степени.

Следува период на стабилно и суво време, освен во петок кога ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег, а наместа и услови за замрзнат дожд. По котлините ќе има услови за појава на магла особено утре и за време на викендот.