Уметнички дела од Скопје за Атина

од desk4
84 прегледи

  Град Скопје ќе го организира превозот на донираните уметнички дела кои се собрани во рамки на хуманитарната акција „Донирај уметност“ во знак на солидарност по пожарот кој минатиот месец ја зафати Грција.

Акцијата ќе се реализира откако Град Скопје ќе воспостави контакт со надлежна институција од Атина, која ќе ја прими донацијата.

Иницијативата „Донирај уметност“ на фејсбук ја почна графичкиот дизајнер и активист Зоран Кардула со цел да се собере колекција која Град Скопје ќе ја донира на градот Атина.

Македонските уметници донираа околу 70 свои уметнички дела: графики, масла на платна, акварели, цртежи, неколку скултптури, дигитални илустрации, а најмногу има фотографии.

Во Музејот за современа уметност има токму таква донација на уметнички дела кои Скопје ја има добиено од страна на Грција по катастрофалниот земјотрес од 1963 година.