Унгарија бара С.Македонија веднаш да ги почне преговорите: „Бугарија го поткопува кредибилитетот на ЕУ“

од Nikola Popovski
213 прегледи

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто смета дека Македонија треба веднаш да ги започне преговорите со Европската Унија.

-Унијата има потреба од Западниот Балкан. Треба да се признае дека на ЕУ и е потребен тој моментум, таа свежа енергија, таа активност и брз развој на настаните кои што доаѓаат од овде. Проширувањето на ЕУ треба да се забрза веднаш со С. Македонија, рече Сијарто на денешната заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега, Бујар Османи.

Според унгарскиот министер, се уште има земји-членки што го попречуваат и успоруваат процесот. За официјална Будимпешта, вели Сијарто, тоа е страшно.

-Страшно е што Бугарија го блокираше писмото што требаше да се испрати кон С. Македонија пред неколку недели. Вие сте земја-кандидат веќе 18 години и во тој период, да не можете да ги започнете преговорите, е одвратно и тоа покажува непочитување кон земјата, особено во ова време и тоа е контрадикторно на интересите на ЕУ. Тие кои што го блокираат стартот на овие преговори, треба да знаат дека го поткопуваат кредибилитетот на ЕУ. Кога ќе го преземеме претседателството со ЕУ, ќе ги превртиме сите камења за да бидеме сигурни дека пристапувањето на Северна Македонија и на целиот Западен Балкан ќе се случи што е можно побргу, дециден беше Сијарто.

Слични содржини