Унгарија со победата над Катар ги згасна надежите на Македонија за четвртфинале

од Nikola Popovski
58 прегледи

Унгарската ракометна репрезентација во последното коло од втората фаза на СП во Хрватска ги совлада избраниците на Веселин Вујовиќ, ракометарите на Катар со 29:23 (12:12) и заедно со францускиот тим обезбедија пласман во четвртфиналето.

Овој епилог ги растажи македонските репрезентативци кои сега треба да играат против Франција во натпревар без резултатски императив, а императив нема ниту Франција која досега не ја почувствува горчината на поразот во натпреварувањето.

Пласман во четвртфиналето веќе обезбедија селекциите на Данска, Германија, Франција, Унгарија, Португалија и Бразил, а единствената дилема е во групата 4 каде за двете места во нокаут фазата ќе се борат Хрватска, Египет и Исланд.

Сите три екипи имаат по шест бода. Исланд игра против Аргентина, Египет против Зеленортските Острови, а Хрватска против Словенија. Доколку сите три селекции победат, Хрватска и Египет би се пласирале во четвртфиналето, додека Исланд би останал со „кратки ракави“.

Слични содржини