92
Унгарските тајни служби објавија дека откриле двајца арапски терористи кои дошле во Западна Европа со протокот бегалци, соопшти унгарската телевизија М1.
Каналот покажал фотографии од ФБ страниците на наводните терористи. На првите фотографии тие позираат со оружје некаде на територијата на Сирија или Ирак, на следните фотографии тие веќе пренесуваат поздрави и среќно се насмевнуваат, прославувајќи го своето пристигнување во Европа.
Во соопштението не се наведува во која земја се сега осомничените и дали се приведени.