Според податоци на УНХЦР, вкупно 55.700 Албанци од Косово и од југот на Србија поднеле лани барање за азил, а Германија е прва на листата за „прием“, изјави Вилијам Спајндлер од УНХЦР.

2mqlw1u

Минатата година бројот на барања за азил во 44 најразвиени држави во светот е зголемен за 45 отсто – најголемо ниво во изминатите 22 години.

– Најмногу пораснал бројот на баратели од Сирија – 150.000, на второ место се азиланти од Ирак и Авганистан – околу 68.700. Албанците од Косово и од југот на Србија се на трето место, изјави тој.

Следуваат азиланти од Еритреја чиј број е двојно поголем отколку во 2013 година – 48.400 барања за азил. Во Германија поднеле барања за азил 173.000 луѓе, а следуваат САД со 121.300 додека Турција е на трето место со 87.800 барања за азил, воглавно од Ирак. зш/15:39

Слични содржини