
Американски археолози открија на тихоокеанското крајбрежје во северниот дел на Перу артефакти од многу древна цивилизација, која датира од 13 до 8-от милениум пред Христа, пренесоа светските агенции. За направените наоди беше објавено на сајтот на Атлантскиот универзитет во државата Флорида.
Меѓу пронајдените предмети фигурираат камени алатки, украсени со орнаменти на кошеви, ткаенини и други артефакти.
“Пронајдените факти не тераат да размислуваме на темпото на развој на древните цивилизацииии, кои егзистирале во овој регион, за нивото на нивните знаења и технологии, кои им дозволиле да ги апсорбираат придобивките од морето и исто така да се борат против сушата”, забележува проф. Џејмс Адовасио.
Тој раскажа за пронајдените алатки употребувани за риболов. Древната цивилизација одгледувала пипер, авокадо и лековити билки. Научниците пронајдоа и знаци на т.н. бирократија и религија, која била важечка за овие древни жители на тихоокеанското крајбрежје на Перу. Се почесто се наметнува сфаќањето дека Новиот свет можеби бил населен од човекот многу порано отколку што се претпоставуваше досега.