Долготрајното примање на антибиотици, кои ги уништуваат цревните бактерии, го забавува раѓањето на нови мозочни клетки и предизвикува оштетување на меморијата, утврдија биолози од Центарот за молекуларна медицина.
Резултатите од нивното истражување се објавениво списанието Cell Reports. Во своите експерименти научниците користеле глувци кои биле поени седум недели со обична вода. Потоа почнале да им додаваат антибиотици, како резултат на што се намалил бројот на нервните клетки во овој дел од мозокот кој е одговорен за преминувањето на краткотрајна меморија во долгорочна и за формирање на емоциите. Овој резултат научниците го објаснуваат со тоа дека цревните бактерии влијаат врз развојот на централниот нервен систем.