УНИЦЕФ и СЗО повикуваат училиштата да останат отворени, со почитување на мерките

од Nikola Popovski
326 прегледи

Додека милиони ученици се враќаат во училиштата низ Европа, каде што доминантен е делта сојот, регионалната канцеларија на СЗО за Европа и регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија побараа училиштата да останат отворени, со примена на епидемиолошките мерки. Препорачаните мерки, како што е наведено во заедничката изјава на двете организации, вклучуваат нудење на наставници и друг училишен персонал на вакцината против Ковид-19, како дел од националните планови за вакцинација, истовремено обезбедувајќи вакцинација за ранливите популации.

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге оцени дека пандемијата предизвикала „најкатастрофалното пореметување во образованието во историјата“.

„Затоа е од клучно значење учењето во училница да продолжи низ цела Европа. „Тоа е исклучително важно за образованието на децата, нивното ментално здравје и социјалните вештини, така што училиштата можат да им помогнат да бидат среќни и продуктивни членови на општеството“, рече Клуге.

Тој предупреди дека ќе помине извесно време пред да ја оставиме пандемијата, но дека образованието на децата на училиште мора да остане примарна цел, за да не ги лишиме од животните можности што ги заслужуваат.

„Ги охрабруваме сите земји да ги држат училиштата отворени и ги повикуваме сите училишта да преземат мерки за да го намалат ризикот од ковид и ширење на различни варијанти“, рече Клуге.

„Покрај тоа, децата на возраст од 12 години и постари, кои имаат здравствени состојби кои значително го зголемуваат нивниот ризик, мора да се вакцинираат“, се вели во соопштението.

Исто така, се препорачува подобра вентилација во училниците, намалување на бројот на ученици на часови каде што е можно, физичка дистанца и редовно тестирање на децата и персоналот.

Слични содржини