Седумдесет годишен уапсен во Свети Николе, бидејќи го покажувал половиот орган пред малолетни деца.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 21.10 часот во Свети Николе е лишен од слобода Р.Ј.(71) од Свети Николе, постапувајќи по пријава од 40-годишна жена од Свети Николе.
Според пријавата тој истиот ден во 18 часот во дворно место од куќа, во која живее пријавителката, го покажувал неговиот полов орган на нејзиниот малолетен син и неговите другари.
-За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.