Упатени смртни закани кон Вучиќ: „Треба да се исецка на коцки и шницли“ (фото)

од Nikola Popovski
210 прегледи

Лице кое на социјалните мрежи се претставува како Мирјана Марковиќ на Фејсбук упатила најбрутални закани кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Таа напишала дека „претседателот треба да се исече на коцки и шницли“. Имено, Марковиќ во неколку наврати напишала дека Вучиќ треба да биде убиен, а во една од статусите напишала:

„Александар Вучиќ треба да се исецка: за коцки ставете лајк, за шницли оставете коментар“.

Да биде работата уште полоша, нејзините пораки им се допаднаа на уште 50 други корисници на Фејсбук, додека некои се надоврзале на овие закани.

Во една порака, таа недвосмислено напиша „Смрт на Александар Вучиќ, слобода за народот“. Во коментарите под статусот можело да се прочита „Така е, само смрт за Вучиќ“.

Слични содржини